Летонскиот кошаркар Кристапс Порзингис е трејдуван во Вашингтон Визардс.

Далас Маверикс направи неочекуван потег и го испрати Порзингис во Визардс.

Во Далас пристигнува плејмејкерот Спенсер Динвиди, што е чудно, со оглед на тоа што Далас веќе ги има Дончиќ и Бренсон на плејмејкерската позиција, кои се стартери.

Со Динвиди доаѓа и поранешниот играч на Партизан, Давис Бертанс.

Маверикс исто така добија пик во вториот круг од Визардс.