Џејмс Харден е нов кошаркар на Филаделфија Севентиси, а Бен Симонс на Бруклин Нетс.

Трејд сагата конечно заврши и Џејмс Харден е новиот кошаркар на Филаделфија 76ерс.

Харден беше разменет за Бен Симонс, Сет Кари, Андре Драмонд и два пика од првиот круг. Со Харден во Филаделфија замина и Пол Милсап.

Блокбастер трејдое е реализиран и Џоел Ембид го доби Џејмс Харден за новиот тандем суперѕвезди.

Бен Симонс, кој сезонава нема одиграно ниту еден натпревар, сега повторно ќе има можност да се докаже во Бруклин.

Како примарен организатор на играта ќе треба да им олесни на Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, кои ќе се фокусираат на погодување.

Нетси го добија и еден од најдобрите шутери за три поени во лигата, помладиот брат на Стеф Кари, Сет кој шутира 44% во кариерата за три.

Тука е и искусниот резервен центар Андре Драмонд и две пика од првата рунда за во иднина.