Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ е еден од најдобрите напаѓачи во англиската Премиер – лига и најдобар стрелец во историјата на српската репрезентација, е нов играч на саудискиот Ал-Хилал. По сагата која траеше со недели, напаѓачот на Фулам стана нов член на клубот со неограничен буџет.
Фулам одби две понуди од Ал-Хилал, но Митровиќ (28 год.) се побуни и на крајот премиерлигашот немаше друг избор освен да го продаде. Саудискиот клуб на социјалните мрежи веќе го претстави Митровиќ како ново засилување. Конечната сума која Саудијците ја платиле сѐ уште не е позната.
Митровиќ е пет години во Фулам и на „Крејвен Котиџ“ има статус на легенда. Претходната сезона тој постигна 43 гола во првенството и со тоа постави рекорд во Чемпионшип. Вкупно за Фулам во пет сезони постигна 111 гола, а за Србија постигна 52 гола.