ПСЖ му порача на Нејмар дека повеќе не смета на него. Францускиот првак сака да направи голема реконструкција на тимот што на крајот би го исфрлило Бразилецот од тимот. Раководството е подготвено комплетно да му го исплати договорот до 2027 година, околу 200 милиони евра, само да ја прекине соработката со него.
Извори блиски до управата на ПСЖ за „Ел Паис“ објасниле дека всушност Бразилецот не живее спортски.
„Нејмар не сака да тренира. Со години играше со три или четири килограми вишок, но беше најправеден на теренот бидејќи најмногу трчаше и се нудеше во одбраната“, коментираат од Ел Паис.
ПСЖ веќе некое време е разочаран од Нејмар. Од неговото продолжување на договорот во мај 2021 година (до 2025 година), настапот на Нејмар е далеку од посакуван. Катарските сопственици веќе немаат трпение и ПСЖ сака да се ослободи од него, а неговата висока плата отежнува се.
„Ел Паис“ наведува дека таткото на Нејмар и ПСЖ се договориле на Бразилецот да му биде исплатено се што е предвидено во договорот, кој автоматски се продолжува до 2027 година.
Нејмар треба да заработи 200 милиони евра од ПСЖ, без разлика дали ќе остане до крајот на договорот или не.
Со оваа исплата ПСЖ би го убедил Нејмар да си замине, а клубот го ангажирал новиот спортски директор Луис Кампос да ја спроведе целата операција.
Нејмар од друга страна се чувствува потценет поради се. Тој се надева дека ќе ја оживее кариерата во друг голем клуб и ќе му докаже на ПСЖ дека греши во проценката.