Македонија ќе се бори за влез во финалето на дополнителните квалификации против Италија. Горан Пандев гледа шанса за нашата репрезентација да оствари позитивен резултат .
Италија во дополнителните квалификации за СП против Македонија влегува без Киелини и Бонучи кои не се подготвени за настап. Горан Пандев ова го гледа како голема предност за репрезентацијата на Македонија.
Тие играат заедно со години, одлично се познаваат и за нас ќе биде голема предност што Италија ги нема на располагање, иако пред Алесандро Бастони е голема кариера“, изјави најдобриот македонски фудбалер играч на сите времиња.
Илија Несторовски не беше повикан во репрезентацијата бидејќи не игра доволно во Удинезе, а Пандев смета дека сепак требало да се најде место за него.
„Илија и даде многу на Македонија и можеше да се приклучи на репрезентацијата. Ни треба повеќе почит, што би се сменило доколку имаме на располагање уште еден или двајца играчи? Тој е искусен и одлично ги познава италијанските дефанзивци.
Подобриот од дуелот меѓу Италија и Македонија ќе игра во финалето од дополнителните квалификации против Турција или Португалија.
„Турција има одличен тим, но мислам дека Португалија ќе се пласира во финалето иако е под поголем притисок.