Јувентус  ја победи Рома со 1-0 во едно од двете дерби натпревари во осмото коло во Серија А. Голот го постигна Мојс Кин во 16-та минута.

Родриго Бентанкур нафрли од лево, а Кин убаво погоди пред голот за многу важна победа за Јуве.

Заспаниот џин, кој до неодамна беше близу до зоната за испаѓање, со оваа победа дојде до место од зоната на Лигата на шампионите, поточно Рома.

Екипата на Мурињо имаше перфектна шанса за израмнување, но во 44. минута пеналот на Џордан Веретут го одбрани Војчех Шчесни.

Така, тимот на Алегри продолжи со големиот кам -бек по очајниот почеток на сезоната.

Ова е петта победа по ред на Јувентус, а последните три скалпа во таа серија се европските шампиони (Челзи), градските ривали(Торино) и ривалот за Лигата на шампионите (Рома).