Борусија Дортмунд по ремито во минатото коло со Хајденхајм  се врати на бундеслигашките победи, на домашен терен дојде до победа против Фрајбург со 3-0 (2-0).

Дека е многу расположен за игра Мален покажа уште на стартот со првата шанса по гостинскиот гол. Бргу потоа крилниот напаѓач и донесе водство на Борусија во 16. минута.

По одличната акција Фулкруг ја смири топката ија испрати на пеналтикот до Мален, а овој ја погоди мрежата за 1-0. По примениот гол за Фрајбург се закани Грегорич, а потоа немаше возбудувања. Сепак, во седмата минута од судиското продолжение Борусија имаше добра контра, а Фулкруг пак го проигра Дониел Мален кој пак погоди, овојпат за 2-0.

„Милионерите“ беа во налет во второто полувреме, а голманот Ноа Атуболу во три наврати успеа добро ја ја сочува својата мрежа, додека Матсен погоди статива. Точка на победата стави Никлас Фулкруг кој со глава во 87. минута ги постави конечните 3-0.

 

Борусија Дортмунд со 40 бода се наоѓа на четвртата позиција на табелата, додека Фрајбург е седмопласиран со 12 помалку.