Шпанскиот великан Барселона еден час се тресеше на гостувањето кај третолигашот Линарес, стравувајќи од нов срам и можна елиминација, па за шест минути со два гола успеа да направи комплетен пресврт и да дојде до победа од 2-1 за да обезбеди осминафинале во Копа дел Реј.

Осман Дембеле на асистенција на Оскар Мингеза во 63-та и Феран Хутгла по асистенција на Нико во 69-та дадоа два гола за да спречат срам на каталонската гордост, која по 19 минути беше во негатива кај еден од најслабите третолигаши, откако Уго Дијаз погоди за водство на малиот Линарес.

Реал Сосиедад се намачи кај Леганес, но победи со 3-2, а Валенсија и Мајорка со идентични 2-1 славеа против Картагена односно Еибар за да ја минат оваа шеснаестинафинална фаза во Купот на Шпанија.