На Матео Беретини му беа потребни пет сета и помалку од четири часа игра за да се пласира во полуфиналето на Австралија Опен.
Италијанецот, седмиот носител на турнирот, го победи Французинот Гаел Монфис со 6:4, 6:4, 3:6, 3:6, 6:2.
Така Италијанецот за прв пат успеа да стигне до најдобрите четири во Мелбурн.
Првата брејк топка во мечот Беретини ја претвори во брејк во петтиот гем од првиот сет, кој го доби со 6:4.
Слична приказна се виде и во вториот сет, овојпат, Италијанецот направи брејк во седмиот гем, што беше доволно за да дојде до комотни 2-0 во сетови.
Меѓутоа, Монфис, познат како голем борец, не помисли да се предаде.
Заигра во негов стил, со брејк во шестиот гем од третиот сет дојде до предност и набрзо намали на 2:1.
Направи два брејка во четвртиот сет, во петтиот и деветтиот гем и со тоа го внесе мечот во сетот на одлучување.
Сепак, неочекувано застана таму, Беретини дојде до големи два брејка предност за 4:0.
Ова му овозможи рутински да го заврши мечот со задржување на својот сервис.
Во полуфиналето ќе се соочи со шестиот светски играч Рафаел Надал, кој исто така во пет сета го победи Денис Шаповалов со 6:3, 6:4, 4:6, 3:6, 6:3.
Беретини и Надал се среќаваат само по втор пат, единствениот меч досега, во 2019 година во полуфиналето на УС Опен, го доби Шпанецот.