Арсенал е прв клуб во историјата на Премиер лигата кој во иста сезона извојувал девет победи против лондонски екипи. Попладнево на „Емирејтс“ падна Кристал Палас со 4-1 и тоа е деветта победа во десеттиот меч сезонава против лондонските тимови.

Габриел Мартинели го отвори резултатот во 22.минута, а Букајо Сака зголеми на 2-0 пред одморот.

Во второто полувреме, Гранит Џака постигна трет гол за Арсенал во 55.минута, а Шлуп успеа да намали на 3-1 во 63.минута.

Сака со својот втор гол стави точка на триумфот на Арсенал од 4-1 во 74.минута од натпреварот.