Избраниците на Сантош тргнаа фуриозно во натпреварот и доминираа во првото полувреме, но Гана успешно се бранеше од нападите на Португалија, која сепак до водство стигна дури во 65. минута од пенал преку Роналдо.
Радоста на Португалија траеше само осум минути бидејќи една лоша реакција на одбраната на Гана беше казнета од Ају кој погоди за 1-1.
Португалија набрзо постигна уште два гола, и тоа најпрво преку Жоао Феликс, а потоа само што влезе во игра во првиот контакт со топката и Рафаел Леао за водство од 3-1 во 80. минута. Во финишот на регуларните 90 минути Букари погоди за 2-3 и ја врати неизвесноста, меѓутоа резултатот не се менуваше.
Португалците се први во групата Х со три бодови, по што следат Уругвај и Јужна Кореја со по еден бод, а Гана е последна без бодови.