Фудбалерите на Швајцарија на идеален начин го почнаа настапот на Мундијалот во Катар, откако во првиот меч од денешната програма минимално, но заслужено го совладаа Камерун (1-0) и направија голем исчекор кон посакуваниот пласман во втората фаза.

Помалку иронично, херој во таборот на Швајцарците беше човек роден токму во Камерун, чиј татко се уште живее во оваа земја. Станува збор за Брел Емболо, кој во 48. минута одлично ја реализира асистенцијата на Џердан Шаќири. Со оглед на поврзаноста со противникот, напаѓачот на Монако воопшто не го прослави погодокот.

https://twitter.com/rikardons/status/1595736301302476800?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1595736301302476800%7Ctwgr%5E03eb8b4eb777eba7bd265c4b8b522a6529a1c75a%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fshvajcarcite-idealno-go-pochnaa-sp-so-eden-gol-do-tri-boda-protiv-kamerun-video

Ова беше меч од групата Г, во која се уште и Србија и Бразил, чија меѓусебна пресметка е шлагворт на денот со почеток во 20 часот.

https://youtu.be/7CbwpAr9wbs