Гаел Ондуа е камерунски репрезентативец кој игра за својата земја на Мундијалот во Катар, ама сите ги изненади поради руското знаме на копачките, па потоа откри дека всушност е Русин – 95 отсто.
Ондуа како дете се пресели во Москва, ги мина академиите на Локомотив и ЦСКА и до неодамна ги одбиваше повиците да игра за Камерун, како последниот за Африканскиот куп на нациите, сѐ додека Русија не доби суспензија за агресијата врз Украина, па сега има пет настапи за земјата во која е роден.
„Јас сум 95 отсто Русин, остатокот е бојата на мојата кожа. Од мал сонував да играм за Русија и да навивам за неа на големите турнири. Сакам да ѝ се оддолжам за сѐ што направи за мене“, вели Гаел.
Сега е член на германскиот второлигаш Хановер, ама изјавиве му се многу храбри во ек на русофобијата во западна Европа.