Легендарниот Драгиша Биниќ, членот на златната генерација на Црвена Звезда од 1991 година кога стана светски и европски првак со црвено-белите, порача дека Хрватска никогаш не би направила вакви глупости како Србија, откако „орлите“ прокоцкаа 3-1 против Камерун за да освојат само бод кој може и скапо да ги чини на Светското првенство во Катар.
Србите направија од готово-вересија, па како и во минатото во многу изданија и на бивша Југославија прорабите балканскиот менталитет, за на крај да останат без триумф и сега ќе треперат Бразил да ја победи Швајцарија, за да добијат шанса за осминафинале во директен судир со Швајцарците.
„Немам поим што се случи, ништо не ми е јасно, како намерно да сакавме да не победиме. Не ми е јасно чија е таа идеја да се оди така високо во одбрана кога физички не се на највисоко ниво. Чија одлука беше тоа? Видовме како Хрватска вчера ја реши Канада, губеа како и ние, ама мајсторски го одработеа мечот. Нивната одбрана не правеше глупости како нашата, стоеа таму каде што требаше да стојат. Ова што ѝ се случи на Србија, на Хрватска никогаш нема да ѝ се случи. Хрватска е сериозна репрезентација“, рече Биниќ.