Американската скијачка Микаела Шифрин стигна до 82-рата победа во Светскиот куп, откако беше најбрза на трката во Крањска Гора. Со оваа победа Шифрин се израмни со својата сонародничка Линдзи Вон која досега беше неприкосновена рекордерка во женска конкуренција.
Нема сомнеж дека Шифрин ќе атакува и да го надмине овој рекорд на Вон, а пред американската скијачка е и рекордот во машка конкуренција на Ингемар Стенмарк. Легендарниот шведски скијач во светскиот куп имаше 86 победи.
https://twitter.com/Eurosport_IT/status/1612074758874488833?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1612074758874488833%7Ctwgr%5E8b1103ee7e2b027130232647646842049704329d%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fshifrin-se-izramni-so-legendarnata-von-sledna-tsel-e-da-go-stigne-stenmark%2F