Бразил ја победи Јапонија во Токио со голот на Нејмар постигнат од пенал, со што „кариоките“ ја продолжија својата успешна турнеја која ја имаат во Азија.
Бразилците се навистина многу популарни во Јапонија и утрово беше исполнет максималниот капацитет на Националниот стадион во Токио, на кој гостите влегоа на начин кој брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.
Нејмар, Ришарлисон, Рафиња, Дани Алвес и останатите влеагоа на стадионот распеани и максимално расположени, покажувајќи дека знаат да направат добра мелодија и со национални инструменти кои очигледно ги понеле до Бразил за подобра забава во репрезентацијата.
https://twitter.com/ESPNDeportes/status/1534037435738464256?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1534037435738464256%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Fnachinot-na-koj-brazilcite-vlegoa-na-stadionot-vo-tokio-stana-hit-na-socijalnite-mrezhi-video%2F