Марјан Вајда, долгогодишниот тренер на Новак Ѓоковиќ, повеќе не е во тимот на српскиот тенисер, дознава Спортклуб.
Словачкиот тренер не е со Новак Ѓоковиќ од почетокот на сезоната, но го поддржа поради се што се случуваше во Австралија.
Долгогодишните соработници се договорија да ја прекинат соработката по завршувањето на ланското финале на АТП во Торино.
Откако Горан Иванишевиќ му се приклучи на тимот на српскиот тенисер, бројот на турнири на кои присуствува Марјан Вајда е намален.
Сепак, според информациите на Спорт клуб, Вајда решил целосно да го напушти стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ.
Остатокот од тимот останува непроменет – тренерот Горан Иванишевиќ, физиотерапевтите Миљан Амановиќ и Улисес Бадио и кондициониот тренер Марко Паники.
Словачкиот стручњак е составен дел од животот на Ѓоковиќ повеќе од петнаесет години, откако почнаа да работат заедно пред Ролан Гарос во 2006 година и оттогаш се заедно, со исклучок на една пауза, од април 2017 до април 2018 година.