Роналдињо играше за Барселона од летото 2003 до летото 2008 година. Во своите најдобри фудбалски денови, бразилскиот волшебник делуваше незапирливо и на многумина им стана идол поради својата фудбалска генијалност. Последните месеци на Роналдињо во Барселона не беа одбележани со максимална посветеност и тој се повеќе време поминуваше на ноќни излегувања. Сепак, одвреме-навреме знаеше да се потсети каков мајстор е.
Пред 14 години на денешен ден Роналдињо ја изведе својата последна мајсторија во дресот на Барселона. Тоа беше против Атлетико Мадрид во пораз од 4-2. Барселона поведе во 29. минута по асистенцијата на Чави од десната страна. Роналдињо со ножички од десет метри го совлада Кристијан Абијати со 1-0 и ги заслужи аплаузите на соиграчите. По таа сезона Роналдињо замина во Милан бидејќи новиот тренер Пеп Гвардиола не го гледаше во своите планови поради неговиот непрофесионален спортски живот.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1498569002007863296?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1498569002007863296%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fronaldinho-je-na-danasnji-dan-prije-14-godina-izveo-posljednju-caroliju-za-barcelonu%2F2343705.aspx