Луис ван Гал го соопшти составот со кој Холандија ќе ги одигра следните натпревари во Лигата на нациите против Белгија и Полска. Тоа се воедно и двата последни натпревари на „лалињата“ пред стартот на Мундијалот во Катар во ноември.
Ван Гал го потврди составот и на него се осум фудбалери на Ајакс, од кои двајца се дебитанти. Голманот Ремо Пасвер и офанзивецот Кенет Тејлор се нови имиња во репрезентацијата, а доаѓаат од Ајакс. Другите играчи од Ајакс се Џуриен Тимбер, Девин Ренш, Дејли Блинд, Дејви Класен, Стивен Бергхуис и Стивен Бергвајн.
Ги нема Рик Карсдорп, Гас Тил, Жорди Класи, Вајналдум, Дони ван де Бек, Лук де Јонг, Дониел Мален, Арнат Данџуба.