Брилијантна партија имаше Ентони Дејвис на гостувањето на ЛА Лејкерс кај Вашингтон . Езерџиите го добија натпреварот со 130-119 и го запишаа третиот триумф по ред.

По лошиот старт на сезоната, Лејкерс влезе во одлична форма и реди победи. Синоќа го забележа десеттиот триумф оваа сезона откако победи на гостувањето кај Вашингтон.
Ѕвезда на вечерта беше Ентони Дејвис кој имаше 55 поени и 17 скокови, запиша и три блокади. Добра партија имаше и Леброн Џејмс кој беше втор стрелец со 29 поени. Во составот на Вашингтон, Порзингис постигна 27 поени.

 

Резултати:
Њу Орлеанс – Денвер 121:106
Сан Антонио – Феникс 95:133
Бруклин – Бостон 92:103
Детроит – Мемфис 112:122
Њујорк – Кливленд 92:81
Сакраменто – Чикаго 110:101
Вашингтон – ЛА Лејкерс 119:130
Портланд – Индијана 116:100