Тенискиот рекет број 1 во светот, Шпанецот Карлос Алкарас, доживеа сензационална елиминација на АТП турнирот во Торонто, Канада, од американецот Томи Пол.
14-тиот светски тенисер за 140 минути игра успеа да слави со 2-1 во сетови, откако ги доби првиот и третиот сет со идентични 6-3. Алкарас успеа само да израмни во вториот сет кој го доби со 6-4.
Очигледно дека Алкарас е во лоша форма, бидејќи во осминафиналето се провлече против Хуркач од Полска, откако направи пресврт за победа со два сета кои ги доби во тај-брејк.