Германската тениска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот, прво по 2007 година.
Избраниците на Мајкл Колман ја совладаа Велика Британија во Инсбрук со резултат 2-1 во победи.
Клучниот поен го постигна двојката Кевин Кравиќ / Тим Пук, кој по два сета и два тај-брејка ги победи Џон Солсбери и Нил Скупски со 7:6 (10), 7:6 (5).
И двата сета беа крајно неизвесни, особено првиот, кој им припадна на Германците со 12:10. Британците имаа четири сет топки, но залудно.
Невообичаен беше и вториот тај-брејк, во кој Британците имаа 5:0, но Германците магично се вратија, врзаа седум поени и славеа.
Претходно денеска Еванс го совлада Гојовчик, а Штруф го совлада Нори.
Германија во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Русија-Шведска.