Енис Барди повторно е на терен. Направи кам бек од повредата по еден месец пауза во минатонеделниот дуел против Севиља и оној пораз од 5:3. Влезе од клупата не успеа да го извлече својот тим од негатива.
„Ми беше малку тешко на кам бекот на терен. За секој играч толкава пауза претставува проблем. Сега сум фокусиран на тоа да се вратам во форма и да му помогнам на тимот да се врати на победите“ – рече Барди .
Барди и Леванте сега ги очекува сериозен предизвик во дуелот против Атлетико Мадрид.
„Секој меч е посебен, и има свое значење. На секој меч треба да се даде максимум, а ќе видиме ние како ќе одиграме токму против овој ривал“ – додаде Барди.