Килиан Мбапе се огласи на социјалните мрежи за прв пат по поразот од Реал Мадрид во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, со кој неговиот ПСЖ испадна од натпреварувањето. Францускиот фудбалер објави фотографија на која го прославува голот кој го постигна за Реал Мадрид и додаде опис на истата.

“Ова се тешки времиња. Лигата на шампионите беше нашата голема цел, но не успеавме. Сезоната не е завршена и што и да се случи, ќе бидеме заедно и решени да победиме до последниот натпревар од сезоната. Ви благодариме на сите навивачи кои не поддржувате во овие тешки времиња“, напиша Мбапе.