Фудбалерот на Лидс Јунајтед, бразилскиот репрезентативец Рафиња ќе ги одбие понудите од неколку премиелигаши и на лето ќе пристигне на „Камп Ноу“. Според шпанските медиуми, крилниот напаѓач на Лидс постигнал договор за преселба во Барселона.

Рафаел Диас Белоли попознат како Рафиња ги договорил личните услови околу петгодишниот договор со Барселона, а сега останува на раководството на двата клуба околу цената на трансферот.

Агент на Рафиња е поранешниот фудбалер на Барселона, Деко, а тој сака што побрзо да се реализира трансферот и ќе одбие секаква понуда од друг клуб.

Бразилецот оваа сезона постигна девет гола во Премиер – лигата и имаше три асистенции.