Жерар Пике повторно е тема на денот во Каталонија.
Прво, Марсал Љоренте, новинар кого Хосеп Марија Бартомеу со години плаќаше да пишува само позитивни работи за него и да ги клевети сите останати, пласираше бомбастична информација дека Чави Ернандез го известил Жерар Пике да не смета на него во новата сезона.
Љоренте во својата ексклузивна објава на Твитер напиша дека причините за тоа се честите проблеми на Пике со повреди, огромната плата и тоа што неговиот приватен живот го спречува во работата на професионален фудбалер. Сите знаеме дека Пике како сопственик на компанијата Космос влезе во светот на бизнисот, се бавеше со тенис, сега раскина и со Шакира, па е на удар бидејќи често „лумпува“ со Рики Пуиг.
Сепак, набрзо се огласи Чави Мигел, новинар кој е познат по тоа што е близок со Чави и е многу сигурен. Тој ги демантираше тврдењата на Љоренте дека Чави го пречкртал Пике, но истакна дека планот бил стоперот да остане во клубот со намалени примања и да прифати помала улога во тимот.
Барса го доведе Андреас Кристенсен, Роналд Араухо потпиша нов договор, а се шпекулира дека Чави од Наполи ќе го бара Кулибали. Практично со Ерик Гарсија , Чави би имал квартет во следните неколку години.
Инаку, Пике неколку пати јавно го прозва Љоренте нарекувајќи го пионот на Бартомеу, а подоцна беше откриено дека е озлогласен „новинар“ на платниот список на клубот.
Ќе биде возбудливо да се следи понатамошното расплетување, знаеме каков е Пике кога некој јавно ќе го „пецне“ …