Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме на реванш дуелот во Букурешт има изедначен резултат (12-12).
Почнавме со Кирил Лазаров, во силен состав, никој немаше намера да ризикува.
Четири минути им беа потребни на нашите ракометари да го постигнат првиот гол, тоа го стори Пешевски (1-1). Романија промаши два напади, Кире зголеми на 1-2. Пасквал се одлучи за седум на шест, но имавме одговор, Анастасијевиќ со два гола и еден на Кузмановски ја донесоа Македонија на 2-5 во 10 минута, во овој дел една одбрана имаше и Митревски.
Три напади по ред не искористивме, Романија израмни на 6-6 на средината на првото полувреме. Казниме на празен гол, но мечот влезе во егал битка, со тоа што Македонија со своето искуство и решителност, и покрај техничките грешки дојде на плус три (7-10) во 24 минута.
Романија успеа брзо да изедначи на 11-11 и да се врати целосно во дуелот. На полувреме е 12-12.
На трибините и овојпат најверните навивачи со поддршка за Македонија.