Ивановски беше на раб на елиминација уште на стартот откако во првиот сет загуби два свои сервиси за Пау да поведе во мечот, а во вториот противникот дојде на чекор до победа откако поведе со 4-2 во гемови, но тогаш се разбуди Ивановски и во маратонскиот сет кој траеше безмалку еден час (54 минути) со четири гема во серија успеа да се врати во мечот за да израмни.
Во решавачкиот сет, Британецот беше без шанса, зашто Ивановски одигра маестрално и брзо дојде до два брејка предност, со што само си го трасираше патот кон триумфот освојувајќи го тој сет со само два загубени гема.
Следен противник на Ивановски е подобриот од пресметката Базиле – Пачеко.