Макс Ферстапен е победник на трката во Формула 1 за ГН на Унгарија на патеката на Хунгароринг. Иако Холанѓанецот стартуваше од 10-тата позиција, со маестрална тактика на својот тим на Ред Бул, секако и со малку среќа, успеа да дојде до уште една победа и со тоа да ја зголеми предноста во генералниот пласман во годинашниот шампионат. Иако губеше и позиции, но Ферстапен едноставно покажа зошто е светски првак.
На денешната трка повремено имаше и малку дожд, па затоа дојде и до повеќе менување на пневматиците, а тоа најдобро го искористи Ред Буд со што му овозможи на Верстапен уште еден триумф, ова беше 28 победа во кариерата и 8-ма во годинашниот шампионат.
На второто место заврши Луис Хамилтон, кој исто така со својот Мердецес има супер возење. На подиумот се најде уште еден Мерцедес, и тоа оној на Џорџ Расел кој стартуваше прв на трката.
Ново разочарување за Ферари, четврта и шеста позиција, за Саинц и Леклер, помеѓу нив се најде Серхио Перез.
Интересна, полна со пресврти трка, за уживање на гледачите покрај патеката на Хунгароринг.