Фудбалерите на Сенегал се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации.

Победија со 2-0 против Зеленортските Острови во осминафиналето.

Веќе по 21. минута црвен картон доби Андраде, а во 57. минута беше исклучен уште еден играч на Зеленортските Острови .

Овој пат тоа беше голманот Вожиња по фаул над Садио Мане при што заработи потрес на мозокот. Сенегалецот остана да лежи на земја, а неколку минути подоцна го казни противникот со убав гол.

Фудбалерот на Ливерпул не можеше да продолжи, а на негово место влезе Бамба Диенг, кој го постави конечниот резултат пред крајот на натпреварот.

Сенегал во следната рунда го очекува победникот од дуелот Мали – Екваторијална Гвинеја.

https://www.youtube.com/watch?v=gxgX0L65JhM