Кошаркарите на Канада беа голем фаворит против Бразил, но Бразилците го добија дуелот со 69-65 и дојдоа на победа до пласман во четвртфиналето.
Во групата Л денеска се случија две огромни изненадувања, прво Летонија го победи светскиот првак Шпанија, а потоа Бразил триумфираше над Канада.
Во финишот од третиот период Канада имаше предност и од 12 поени разлика, но Бразил одигра фантастично во последните десет минути, го сврте резултатот и дојде до победа од 69-65.
Предводник во победата беше Бруно Кабокло со 19 поени и 13 скокови. Во составот на Канада најдобар беше Жилжус Александер со 23 поени.
Сите во групата имаат по седум бода. Во последното коло Канада игра со Шпанија, а Бразил со Летонија. Победниците од овие дуели ќе одат во четвртфиналето.