Македонскиот интернационалец, Илија Нестровски беше стрелец за Славен Белупо во натпреварот со Шибеник во првата лига на Хрватска.
Клубот од Копривница беше на чекор до победа на овој дуел, но прими гол во 88 минута и мораше да се задоволи само со бод (2-2). Нашиот Несторовски го постигна првиот гол за домаќините за водство во 30 минута и тоа со удар со глава.
Ова за прилепчанецот беше втор сезонски гол во шестиот натпревар, а има постигнато гол и во Купот на Хрватска.
Во Шибеник стартер беше поранешниот репрезентативец Леонард Жута кој играше до 54 минута.
https://twitter.com/i/status/1849852286685806706