Претседателот на Светската фудбалска федерација Џани Инфантино смета дека почестото одржување на Мундијалот може позитивно да се одрази на мигрантите.
Тој посочува дека Мундијалот на секои две години на некои земји би им давал надеж , но тие коментари, оправдано, наидоа на критики.
„Мораме да им дадеме можност, достоинство. Не добротворни цели, туку да му дозволиме на остатокот од светот да учествува. Мораме да им дадеме надеж на Африканците за да не го преминат Медитеранот за можеби да најдат подобар живот, но често им се случува смрт во море. “ изјави Инфантино.
Некои податоци покажуваат дека повеќе од 23.000 луѓе ги загубиле животите обидувајќи се да заминат во западноевропските земји.
Ендрју Строллајн, медиумски директор во Хјуман рајтс воч, се огласи на Твитер.
„Моите колеги секојдневно интервјуираат бегалци ширум светот. Тие никогаш не го спомнуваат Светското првенство“, рече Стролин.
На коментарот на Инфантино реагираше и Тони Барнет од организацијата „Kick It Out“.
„ФИФА е организација која прави милијарди профити. Тие веќе имаат средства да инвестираат и да создаваат можности за ранливите луѓе ширум светот“, рече Барнет.
CAF, африканската куќа на фудбалот, за разлика од УЕФА и КОНМЕБОЛ, дава поддршка на ФИФА за Светско првенство на секои две години.
ФИФА тврди дека промената на организацијата на Мундијалот би донела дополнителен приход од 3,3 милијарди фунти во четиригодишен циклус.