Фудбалерот на Челси и англиски репрезентативец Рахим Стерлинг ќе им се приклучи на неговите колеги во националниот тим, откако пред неколку дена мораше да замине од Катар.
Стерлинг не играше во осминафиналето против Сенегал (3-0) бидејќи претходно неговиот дом бил ограбен, по што англискиот репрезентативец реши да се врати во Лондон за да биде покрај своето семејство.
Англискиот фудбалер ангажира дополнително обезбедување по грабежот во кој остана без пари, часовници и скап накит, по што реши да им се приклучи на соиграчите за да им помогне во битката против Франција.
https://twitter.com/BBCSport/status/1600840115185545217?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1600840115185545217%7Ctwgr%5E8a4bbb8e6cdc60a4bec657965c4930af8b0725be%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fsterling-si-zamina-od-katar-srede-sp-a-sega-se-vrakja-da-i-pomogne-na-anglija