И вечерва блескаше Барсиното чудо од дете. Чудесна беше асистенцијата на Ламин Јамал за голот на Рафиња. Без разлика што сѐ уште не е полнолетен, Јамал дефинитивно се наметнува како еден од најдобрите фудбалери во светот, за што потврда дојде и од вечерашната пресметка на Барселона кај Виљареал.
Каталонците продолжија со импресивните игри во шпанската Ла Лига и ја добија средбата со убедливи 5-1, шеста победа во низа во домашното првенство.
Јамал асистираше за петтиот гол на Барса и тоа на чудесен начин со надворешниот дел од копачката во стилот на Лионел Меси, што беше негово петто додавање за погодок оваа сезона.
Над него беше направен и фаул за пенал, шутираше Левандовски но ја погоди стативата.
Тој беше нерешива енигма за дефанзивците на Виљареал, па во немоќ противниците го запираа со тешки прекршоци, па добија неколку жолти картони.