Интер успеа да слави триумф (2-0) против Салернитана и го продолжи позитивниот тренд после победата над Сасуоло и ремито со Барселона на „Камп Ноу“. Тимот на Симоне Инзаги полека излегува од кризата, но се уште е далеку од водечките позиции во Серија А.
Лаутаро Мартинез во 14.минута донесе предност за „нероаѕурите“, а Николо Барела со голот во 58.минута го потврди триумфот.