Македонскиот тенисер Калин Ивановски, е победник на турнирот од ИТФ-серијата со награден фонд од 25.000 долари во Ираклион (Грција), откако денеска во големото финале лесно и убедливо го прегази Романецот Себастијан Гима со 6-1, 6-1.
Македонецот до трофејот дојде после голема доминација, со оглед што ги доби сите десет сетови одиграни во јужното соседство. Ова беше турнир што се играше на тврда подлога, а во дуелот за трофејот беше подобар од тенисер со подобар ранкинг за повеќе од 200 места.
За Ивановски ова е голем успех, особено што на последните три одиграни турнири испаѓаше уште во првото коло. За очекување е да направи значаен скок на АТП-листата, на која во моментов е на 746. место.