По дуелот се случија грди и немили сцени откако дел од домашните навивачи фрлаа со тврди предмети кон најголемата ѕвезда на „фараоните“, Мохамед Салах, а некои дури влетаа на теренот да го нападнат. Обезбедувањето мораше да го испрати фудбалерот на Ливерпул до соблекувалната.
Претходно Сенегалците дури и му светеа со ласери додека го изведуваше првиот пенал, по што и промаши.
Фудбалската асоцијација на Египет официјално реагираше со соопштение по немилите сцени и напомена дека бил нападнат и нивниот тимски автобус на заминувањето од стадионот