Фудбалските репрезентации на Исланд и Луксембург синоќа одиграа нерешено (1-1) во натпревар од групата „Ј“ од квалификациите за ЕП 2024. Тоа е резултат од кој ниту една од селекциите не може да биде задоволна во борбата за пласман на завршниот турнир, а гостите имаат за што да жалат.
Причина за тоа е неверојатното промашување на напаѓачот на гостите, Герсон Родригес, кој излезе сам пред празниот гол на Исланд, чиј голман тргна во напад при последниот корнер, со цел да постигне гол за триумф. Тоа не се случи, па селекцијата на Луксембург имаше можност за триумф, но Родригес се посрамоти со оглед што не успее да ја погоди небранетата мрежа од околу 25 метри. На стартот на второто полувреме Родригес постигна прекрасен гол за својата репрезентација.
Луксембуржаните сега имаат 11 бода од седум натпревари и се на третатат позиција на табелата, а со евентуалните дополнителни два бода ако нивниот репрезентативец не промашеше зицер тие ќе беа на делба на втората позиција со Словачка, која има 13 бодови од исто толку меча. Со тоа, оваа селекција би имала шанси во последните три натпревари рамноправно да се бори за второто место во групата, кое води на ЕП, кое за нив би било историско со оглед што никогаш досега не биле на некое големо натпеварување.
Неверојатното промашување може да го погледнете ТУКА.