Мејкајла Мур, стоперот на Ливерпул и на репрезентацијата на Нов Зеланд стана популарна на начин кој никој не го посакува. На турнирот во САД таа за само половина час во првото полувреме си постигна три автогола. Најпрво во 5. минута.
Само една минута подоцна Мур повторно погоди во сопствената мрежа. Хет-трикот со автоголови го комплетираше во 36. минута, кога повторно упати нов удар кон својот голман. Четири минути подоцна и пет минути пред крајот на полувремето, Мур не издржа повеќе и беше заменета. Во вториот дел, без својот „најефикасен играч“, Американките постигнаа уште два гола за вкупни 5:0.
Првиот гол погледнете го ТУКА.
Вториот гол погледнете го ТУКА.
Третиот гол погледнете го ТУКА.