Фулам го победи Лестер (5-3) во неверојатниот натпревар со осум гола во Лондон во рамки на 35. коло од англиската Премиерлига.
Првиот гол на натпреварот го постигна Вилијан во 10. минута, а само осум минути подоцна Карлос Винисиус зголеми на 2-0.
„Лисиците“ примија уште два гола од Карни во 44 и 51. минута, по што се наоѓаа пред дебакл, но Барнс само неколку минути подоцна ги разбуди гостите.
Варди имаше одлична шанса да намали на 2-4, но промаши пенал, по што казната пристигна преку Вилијан кој стрелаше за 5-1.
Во финишот од мечот Медисон од пенал намали на 2-5, а потоа Барнс го постигна својот втор гол за конечни 3-5.
Фулам останува на 10. место во лигата со 48 бодови, додека Лестер ја продолжува тешката битка за опстанок и има 30 бода.