Во првото коло Ѓоковиќ по голема борба го победи Руне, но овојпат во сличен меч загуби од Синер за кого ова беше најголема победа досега.
Италијанскиот тенисер имаше подобар старт и го освои првиот сет со 7-5, со еден освоен брејк.
Во вториот сет двајцата тенисери беа перфектни на свој сервис, па тај-брејкот одлучуваше, во него Ѓоковиќ беше подобар со 7-5 и изедначи на 1-1.
Синер освои брејк во третиот решавачки сет и поведе со 4-2, но Новак веднаш направи ри-брејк и ги врати работите на почеток. И во овој сет се играше тај-брејк, а во него многу поуспешен беше Италијанецот, го доби со 7-2 и славеше со 2-1 во сетови.
Во последното коло од групната фаза Ѓоковиќ игра против Хуркач кој влезе на местото од Циципас кој се откажа, Синер ќе се сретне со Руне.
Денеска на програмата се двете пресметки од другата група, Алкараз – Рубљов и Медведев – Зверев.