Екипата на Голден Стејт останува со надеж дека може да се пласира барем во плејофот откако ноќеска ја совлада Филаделфија на домашен терен со 119-107.
Прво име на дуелот беше Стеф Кари кој постигна 37 поени со 8 тројки од 13 шута и ја продолжи фантастичната серија. Во последните три натпревари, првата ѕвезда на Вориорс постигна вкупно 116 поени, вклучувајќи 23 тројки од 48 шута. Голден Стејт сега има биланс 20/24 и е со четири победи помалку од десеттопласираната Јута.
Кај Филаделфија, се истакнаа Макси и Херис кои постигнаа по 26 поени, а под своето ниво беше Жоел Ембид кој го заврши натпреварот со 14 поени со шут од игра 5/17 и 8 загубени топки.
ЛА Лејкерс доживеаа уште едно разочарување со поразот на гости кај Атланта со 122-138. Тоа е втор пораз во низа за тимот од Лос Анџелес кој е на деветтото место на Западот, кој игра многу променливо оваа сезона. Јанг со 26 поени беше прв стрелец на Хоукс, Мареј постигна 24, а Богдановиќ реализира 18 поени со четири тројки. Кај Лејкерс, Ривс стигна до 28 поени, додека Џејмс беше блиску до трипл-дабл со 20 поени, 9 скока и 8 асистенции.