Борусија Дортмунд е во пол-позиција пред Баерн Минхен за освојување на титулата во Бундес лигата и со домашна победа над Мајнц во сабота ќе биде нов шампион на Германија. Сепак, во тоа ќе се обиде да му помогне и Келн кој на домашен терен го пречекува Баерн Минхен.
Екипите на Борусија Дортмунд и Келн се во одлични односи, а и навивачите на двете екипи се во “братски“ односи. Затоа и официјалниот спикер на натпреварот во сабота ќе известува за резултатот од Дортмунд, па титулата на Борусија ќе се слави и во Келн.
Само дополнителна причина за прослава на Келн е и клаузулата од трансферот на Антони Модесто од Келн во Борусија. “Милионерите“ за него платија 5.1 милиони евра, но според договорот ќе треба да исплатат дополнителна сума на Келн доколку ја освојат шампионската титула.