Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Голден Стејт со 124:116, а мечот со Вориорс го одбележа одличниот Леброн Џејмс.
Тој за 38 и пол минути на паркетот постигна 56 поени (19/31 од игра, 6/11 за три, 12/13 слободни фрлања), што значи дека 37-годишниот кошаркар постигна речиси половина од поените на тимот.
Играта на Џејмс е воедно и најдобар поентерски учинок во сезоната на кој било играч, како и негов личен рекорд откако го замени дресот на Кливленд за оној од тимот на Лос Анџелес.
Тој стана првиот играч во историјата на лигата кој имал натпревар со 50 или повеќе поени пред да наполни 21 година и по 35 години, но му фалеа четири поени за да го израмни рекордот на Коби Брајант за најголем број поени постигнати од играч над 35. Да потсетиме, Брајант постигна 60 поени за Јута во неговиот проштален натпревар.
Џејмс сега е и вториот играч на сите времиња на листата на оние кои одиграле најмногу минути во историјата на лигата, а Карим Абдул Џабар, кој е на првото место, му бега околу 3,5 илјади минути.
На овој меч го следеше Расел Вестбрук кој додаде 20 поени, додека Кармело Ентони имаше 14 со решавачка тројка на крајот од мечот.
Кај противникот Стеф Кари постигна 30 поени, а Џордан Пул имаше 21.
Резултати од НБА:
Далас Маверикс – Сакраменто Кингс 114:113
Шарлот Хорнетс – Сан Антонио Спарс 123:117
Мемфис Гризлис – Орландо Меџик 124:96
Мајами Хит – Филаделфија 76ерс 99:82
Минесота Тимбервулфс – Портланд Трејлблејзерс 135: 121