Првиот гол на натпреварот падна по 17 минути игра кога Орелиен Чуамени испрати вистинска „бомба“ од 25 метри и го матира Џордан Пикфорд, а потоа Англија беше поактивна во нападот и се обидуваше да стигне до израмнување.
Хари Кејн од пенал во 54. минута погоди за 1-1, по што Французите повторно го вратија водството преку Оливие Жиру во 78. минута.
Напаѓачот на Тотенхем, Кејн имаше втора шанса од белата точка да го матира Уго Лорис и да ја врати Англија во живот, но не беше прецизен, испрати удар над пречката и Франција славеше со 2-1.
Франција ќе води битка со Мароко за финале на СП, додека Аргентина и Хрватска ќе се судрат во второто полуфинале.