Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, по вечерашниот тренинг ги одбра кошаркарите со кои ќе игра во претквалификациите за пласман на ЛОИ 2024 во Париз, потврдувајќи дека во тимот ќе го нема Ненад Димитријевиќ поради повреда.
Популарниот Нено на ден пред патувањето се пожалил на болка во тетивата, повреда која не е сериозна, но поради која морал да одмара. Ова ќе биде петти дуел на жолто-црвените без играчот кој би требало да биде лидер и носител на играта, откако ги пропушти претходните четири од претквалификациите за ЕП 2025. Димитријевиќ вакви отсуства имаше и во минатото, а пред две години одби да биде дел од репрезентацијата, по што беше јавно критикуван од раководството на КФМ.
„Димитријевиќ нема да патува со нас бидејќи се пожали на болка во тетивата. Од лекарскиот тим ме информираа дека станува збор за истегнување, повреда која не е премногу сериозна, но бара мирување во следните денови и доаѓа во најлош момент за нас“, потврди селекторот.
Јончевски местото на Димитријевиќ во ростерот од 12 кошаркари кои патуваат за Талин, каде што од 12 до 15 август ќе играме против Израел, Чешка и Израел, го пополни со големиот талент, Андреј Шошкиќ. Покрај него, во тимот ќе бидат: Војдан Стојановски, Ти-Џеј Шортс, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Дамјан Робев, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, Андреј Андоноски, Теодор Симиќ, Петар Бошалески и Марко Миловановиќ.