Кошаркарите на Будуќност направија големо изненадување во вторникот во Еврокупот кога среде Болоња го победија еден од фаворитите за трофејот Виртус со 68:62. Тој натпревар во универзитетскиот град имаше необична увертира. Приказна за патописец. Џастин Кобс тоа не е.
Американецот, иако еден од главните играчи на Будуќност, на тој меч одигра само 25 минути и постигна осум поени. Тој повеќе не можеше поради неговите патувања низ повеќе од половина од Јадранот.
Според „Газета дело спорт“, Џастин Кобс не можел да оди во Болоња со остатокот од тимот со авион, туку морал да оди со приватен автомобил. Причината е што плејмејкерот на тимот од Подгорица, бил вакциниран со руската вакцина „Спутник V“. Бидејќи Европската унија не ја признава оваа руска вакцина, Кобс се третираше како невакцинирана личност.
Така Џастин Кобс возел до Љубљана каде бил тестиран, а потоа со истото возило продолжил до Болоња. Патот е подолг од 850 километри, бидејќи морал да сврти кон Љубљана.
Тоа не беше крај на маките за Американецот со црногорски пасош. Кобс не можеше да оди во хотел со соиграчите, ниту во соблекувалната. Тој влезе во салата директно од автомобилот за да го одигра натпреварот. Затоа и не е чудно што имаше помалку поени и нешто помалку минути од вообичаеното.
По натпреварот не можеше да се истушира, па веднаш ги спакува работите и се упати кон Црна Гора. Причината е што на располагање имал само 48 часа, колку што бил валиден тестот за антиген што го направил во Љубљана.