Браис Мендез во 20-та минута постигна гол против Елче и тоа беше доволно за Реал Сосиедад да ја запише втората сезонска победа во третото коло во Ла Лига.
Мендез погоди на асистенција на Зубименди на средина од првиот дел, а Сосиедад пропушти шанса уште на полувреме да ја завери победата, зашто Мерино во 34-та промаши пенал, но Елче не знаеше како да дојде барем до бод, па остана само на еден по три кола при самото дно на табелата.
Сосиедад со втората победа и шесте бода досега е петопласиран, колку што има и четвртата Осасуна од три меча, додека Реал Мадрид и Вилјареал допрва треба да ги играат своите мечеви и имаат шест бода по две кола. Максимален ефект и моментален лидер е Бетис со три победи откако вчера ја победи Осасуна со 1-0.