Официјалниот полски профил на Светското првенство, воодушевен е од  македонските навивачи за извонредната атмосфера  што ја направија вчера во „Таурон Арената“ на натпреварот со Норвежаните.

Ипокрај тоа што нашите ракометари претрпеа тежок и болен пораз од Норвешка, македонските фанови направија атмосфера која ги зачуди организаторите.
На официјалниот полски твитер профил за Светското првенство, организаторот ја прикажа фантастичната атмосфера која ја креира македонската фаланга.